| четврток, 6 декември 2018 |

Јолевски во посета на транзитниот центар за мигранти во Гевгелија

Министерот за одбрана денеска во Гевгелија ќе го посети транзитниот центар за мигранти на пограничниот премин.

jole

Претходно, министерот Јолевски во Скопје заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник методија Величковски ќе присуствуваат на отворањето на меморијалниот турнир во мал фудбал кој се организира во чест на загинатите бранители од 2001 година.

Организациониот одбор составен од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Здружението Херои на Македонија го организира меморијалниот турнир на кој ќе учествуваат екипи од министерствата за одбрана и внатрешни работи како и од генералштабот на Армијата на Република Македонија, полицискиот синдикат, армискиот синдикат и агенцијата за млади и спорт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top