| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Исплата на штетите од поплавите во Струмица до 15 септември

­ До 15 септември ќе бидат исплатени налозите за штетите од поплавите во општина Струмица, а исплатата за таа намена ќе продолжи и во останатите општини, информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

stavreski

 

При посета на општина Василево, Ставрески рече дека ќе се исполни даденото ветување за исплата на штетите од поплавите до среда следната недела. ­

– Исплатата на штетите од поплавите се одвива континуирано во сите општини во Република Македонија што се погодени од поплавите. Како што најави премиерот при посетата на општина Струмица ќе го исполниме тоа што беше кажано односно до среда следната недела ќе бидат исплатени налозите што се однесуваат на штетите на поплавите во општина Струмица. Се работи за преку 400 налози, за 400 семејства, а износот на средства е 33 милиони денари. Агенцијата и комисиите ја привршуваат работата и во понеделник ќе ги достава налозите и почнуваме со нивната исплата, така што заклучно следната недела ќе бидат целосно исплатени и обештетени, изјави Ставрески одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, истовремено ќе продолжи исплатата на штетите на поплавите и во останатите општини низ државата. ­

– Граѓаните треба да очекуваат односно оние кои се уште не добиле, како и на другите што претходно беа исплатени дека и ним ќе им бидат исплатени средства во сите општини вклучително и во овој крај, рече Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top