| четврток, 6 декември 2018 |

Семејство ги искористило сите владини мерки, сега се задоволни земјоделци

DSC_0045 (1)Илинка Ангелеска со семејството пред неколку години се одлучиле да ги искористат мерките за земјоделците кои владата ги овозможува. Седум години подоцна имаат земјиште од 10 хектари кои го работат во Долно Лисиче, а планираат да направат и рибник.

Премиерот Никола Груевски кој денес беше во посета на општина Аеродром, го посети  индивидуалното земјоделско стопанство со овошни насади на ова семејство, кое истакна дека е задоволно од мерките и можноста која им е дадена.

zemjodelsko-semejstvo-Почнавме пред седум години, прво со земјиште на концесија, на потоа почнавме со набавка на машини, сега и за трет трактор аплициравме. Ги искористивме сите мерки кои Владата ги овозможува, истакна Ангелески.

На земјиштето со површина од 10 хектари, овие земјоделци имаат насади со ореви, кајсии, круши, а владините мерки ги искористиле и за набавка на механизацијата која им е потребна за да го работат земјиштето.

DSC_0084-Вие порано немавте никаква врска со земјоделие, си земавте концесија, земјиште, сè искористивте. Има многу вакви случаи, луѓе што не биле во земјоделие, ги виделе шансите што ги дава Владата и почнале, истакна премиерот во разговорот со семејството Ангелески.

Тие велат дека се задоволни од тоа како досега се одвива нивната работа и во иднина планираат на дел од земјиштето да направат и рибник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top