| четврток, 6 декември 2018 |

Јолевски иницира вклучување на ЕУ за побрз транспорт на мигрантите кон Европа

Cientos de refugiados entran en Macedonia en su camino hacia centro de EuropaМоменталната состојба со мигрантите во земјава беше тема на денешната средба на министерот за одбрана Зоран Јолевски со претставникот на УНХЦР за Македонија Мохамад Ариф и со регионалниот претставник на оваа организација Ендру Мејн.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата, министерот и соговорниците се фокусираа на улогата на Министерството и Армијата на Република Македонија во менаџирањето на мигрантската криза на јужната граница, како и за улогата на УНХЦР во активностите за помош на Министерството и Владата.

Министерот Јолевски ја покрена и можноста за вклучување на ЕУ во обезбедувањето помош за мигрантите при нивното патување од Грција кон Европа, со железнички или воздушен транспорт со цел нивен побрз транзит низ Југоисточна Европа кон нивната крајна дестинација.

Претставниците на УНХЦР ја истакнаа одличната соработка што ја имаат со Министерството и му се заблагодарија на министерот за неговата помош во соработката со УНХЦР и со организациите присутни во тој регион.

Армијата на Република Македонија со свои припадници продолжува да дава помош и поддршка на Министерството за внатрешни работи на јужната граница. На крајот на август, Армијата во Гевгелија изгради центар за регистрација и транзит на мигранти, во кој им се обезбедуваат и храна, вода, медицинска помош и хигиенски производи. Железничката станица и автобусите лоцирани во близина на центарот за регистрација и транзит ја овозможуваат најбрзата можна маршрута кон северната граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top