Користа од доаѓањето на странските компании во Македонија е повеќестрана. Се намалува невработеноста, се дава бизнис и работа за домашните компании и се носат нови технологии. Сепак како Влада подеднакво сме фокусирани и на странските и на домашните компании.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски при денешната посета на општина Аеродром во одговор на новинарско прашање, нагласувајќи дека не ги запоставуваат домашните компании иако изгледа дека Владата е фокусирана на странските компании поради промоциите што ги врши во странство
– Дома немаме потреба да одиме од фабрика во фабрика да вршиме промоција бидејќи домашните компании ги сретнуваме секојдневно по стопанските комори. Гледаат што се Владата прави во медиумите, односно сите нови мерки и тие знаат за тоа, додека во Америка, Холандија, Германија, Англија не можат преку нашите медиуми да се информираат за најновите работи што ги правиме и нормално мора во нивните државни да извршиме презентација, истакна Груевски.
Тој посочи дека кога Владта носи странски компании, фокусирана е на вработување на лица од земјава, но потенцира дека странските компании се носат и за трансфер на технологии, како и за помош на домашните компании.
– Во првите седум месеци од оваа година имаме 24 милиони евра приходи на домашните компании од странките компании во Македонија. Странските компании кои дошле во Македонија купиле стоки и услуги од домашните компании во оваа вредност. Нашата претходна проекција беше дека во цела 2015 година тој приход ќе биде 30 милиони евра, но веќе во првите седум месеци е 24 милиони евра, што значи дека до крајот на годинава веројатно ќе достигне 45, можеби и 50 милиони евра, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии