| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Невидено Скопје“ поставена во Прага

Изложбата „Невидено Скопје“ е поставена во Галеријата на Академијата за уметност, архитектура и дизајн во Прага.

pr

Станува збор за авторско дело на професорите од Архитектонскиот факултет во Скопје, Огнен Марина и Бојан Каранаков. Преку макети и преку дигитални модели на публиката ѝ се доближуваат историските урбанистички планови на Скопје во трета димензија.

Професорот Огнен Марина на отворањето на изложбата изјави дека се изработени четири дигитални тридимензионални модели за четири историски урбанистички планови, а тоа се – од 1929 година изработен од архитект Јосиф Михајловиќ, од 1948 година на архитектот Лудјек Кубеш, како и останатите два модела кои се однесуваат на Урбанистичкиот проект на центарот на Скопје од 1965 година, кој е изработен од Заводот за урбанизам и архитектура и Деталниот урбанистички план „Мал ринг“ од 1997 година, кој е на авторите Мирослав Грчев, Влатко Коробар и Мирјана Пенчиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top