| четврток, 6 декември 2018 |

Лето или зима, кога е подобро да останете бремени?

Постојат бројни  причини поради кои многу двојки планираат кога да станат родители, го планираат полот на бебето, хороскопски знак, па  не е ни чудно што некои идни мајки пресметуваат и кога е подобро да останат бремени. Што избирате – летна или зимска бременост?

 

Лето – предности

Многу идни мајки, на кои им претстои прва бременост, веруваат дека  бременоста во текот на летото е подобра отколку во зима. Од една страна, времето е убаво и удобно можете да шетате низ продавниците, за да се подготвите за доаѓањето на детето. Од друга – гардеробата за бремени е подостапна. Освен тоа што можете да си носите некои од старите алишта, како долгите фустани, во текот на летото има многу попусти, а и цените по продавниците се пониски, споредбено со оние во зима.

Летната бременост има и друга предност, а тоа е достапноста на разновидни свежи, сезонски овошја и зеленчук, кои содржат комплетен арсенал на витамини и минерали потребни за нормален развој на плодот.

Лето – недостатоци

Но всушност, летната бременоста си има и сериозни недостатоци. Високите температури и убиствените горештини можат да бидат опасни за здравјето на идната мајка. Тие се виновни за променливиот крвен притисок и за евентуални напади. Во жешките летни ноќи, особено со  стомаче, е многу потешко да се наспиете, што доведува до замор.

Налето нозете отекуваат уште повеќе, па дури и со влечки, идната мајка се чувствува непријатно. Освен тоа, многу бремени жени се срамат да одат на море, кога се во напредната бременост. Од една страна, се загрижени за патувањето, од друга – тешко се соочуваат со промената во фигурата.

Предности – зимска бременост

За многу идни мајки зимската бременост звучи непривлечно, затоа првично ја отфрлаат, но потоа сфаќаат дека и таа има свои аргументи. Во зимските месеци температурите не се проблем . Кога надвор е многу студено, идната мајка може да одмара дома на топло, да лежи  кога не се чувствува добро или да се занесе во омиленото хоби, доколку е во кондиција.

Покрај тоа, многу мајки сметаат дека зимската бременост е подобра опција, бидејќи додека бебето да наполни  2-3 месеци, времето веќе е сончево и идеално за долги прошетки. Од истата логика, некои мислат дека зимската бременост и породувањето во оваа сезона се добар предуслов за полесно растење на детето.

Недостатоци – зимска бременост

Зимската бременост има и свои недостатоци. Пример, лошото време ве врзува  дома и прошетката  на отворено се минимизира. Ова автоматски значи и ограничена способноста  за движење, а и без тоа варијантите за спорт во зимските месеци се малку.

Многу идни мајки се загрижени дека месеците поминати на каучот дома ќе им се видат подолги, бидејќи ќе им стане досадно. Облеката што мораат да ја носат, мрачното расположение  и недостатокот на доволно свежо овошје и зеленчук дополнително ја прави зимата непријатно време за одвивање на напредната бременост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top