| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во Автокоманда – му вперил пушка зaшто му свирнал да тргнe

Вчера околу 16.45 часот на ул. „Јани Лукровски“ во скопската населба Автокоманда, М.И.(39) кој бил заедно со пријател во автомобил „пасат“, по даден знак од сирената на неговото возило за вклучување во сообраќај, од друго возило кое било пред него излегло непознато лице кое започнало да упатува вербални закани, а потоа и вперил пушка кон возилото на пријавителот и по кратко време заминал.

Од страна на полициски службеници од единицата „Алфа“ истиот е пронајден и приведен по што е утврдено дека се работи за Б.М.(34) од Штип.

Со истиот е извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top