Следниот генерален секретар на ОН, за првпат во историјата на Светската организација, треба да биде претставник на источноевропскиот регион, изјави во интервју за ТАСС рускиот постојан претставник во ОН, Виталиј Чуркин.
– Групата на источноевропски земји, во која влегува и Русија, сразмерно не е голема, има 27 или 28 држави. Во азиската група, на пример, има преку 50 земји- посочи тој.
Според Чуркин, „веќе има неколку добри источноевропски кандидати“ за највисоката позиција во ОН.
– Сметам дека тоа се многу достоинствени луѓе, кои можат да ја предводат организацијата. Меѓу нив има и жена – Ирина Бокова. Според најавите мислам дека ќе се појават и други жени-кандидатки. Така што, мислам дека на крајот сите ќе бидат задоволни – изјави Чуркин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



