| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓето не се толку посебни колку што мислат

Верувањето дека луѓето се единствена појава на светот претрпе уште еден удар; научниците откриле древен вид во сродство со луѓето, кој исто така ги закопувал своите мртви.

Фосили од суштества се најдени длабоко во пештера во близина на познатите локалитети Стеркофонтејн и Сварткранс, 50 километри северозападно од Јоханесбург, кои со децении овозможуваат докази за човековата еволуција.

– Цело време ни била пред нос во оваа најистражена долина на Африка – вели Ли Бергер од Институтот за еволутивни студии на универзитетот Витватерсранд во Јоханесбург.

Новиот вид во научниот журнал „Е-лајф“ е наречен „хомо наледи“ во чест на пештерата во кој е најден. Наледи на јазикот сесото, кој се зборува на територијата на Јужна Африка, значи ѕвезда.

Палеонтрополозите заклучија дека овој вид ги погребувал своите мртви што е нешто поврзано со процесот на дедукција само за луѓето.

Најголемата африканска колекција на хоминини, човечки фосили и фосили поврзани за сродни видови, е составена од 15 поединци, од деца до стари, составени од повеќе од 1.500 делови.

Таму не се пронајдени остатоци од ниту еден друг вид, а на коските немало траги на заби или канџи што укажува на тоа дека не се работи за остатоци на предатори во пештери или стапици, туку за гробно место.

– Бидејќи ги елиминиравме сите други варијанти, се чини дека „хомо наледи“ свесно и намерно ги одвојувале телата на покојниците – рече Бергер.

– Тоа ни покажува дека на себе гледале како на вид поинаков од другите животни – додаде тој.

Бергер ја отфрли теоријата дека можеби ги зачувале телата на мртвите длабоко во пештерата за да ги избегнат мршојадците и хиените.

– Ги одбирале само своите мртви. Да го правеле тоа, тогаш би закопувале сѐ што би можело да ги привлече мршојадците или предаторите – рече тој.

Не е првпат студија на наши предци, истребени или живи, да даде докази дека луѓето немаат монопол на одреден вид однесување.

Џејн Гудал во 1960 година забележала дека нашите најблиски живи роднини шимпанзите, користат сноп од трева за да фаќаат термити, што е прва забележана употреба на проста алатка кај животните.

– Остатоците на „хомо наледи“ се најдени во пештерата во септември 2013 година. „Хомо наледи“ имал мозок нешто поголем од мозокот на шимпанзо, но неговата старост сега е енигма – вели Бергер.

Причина за тоа е што коските намерно се префрлени во дното на пештерата, па и под неа, но и преку нив немало камења или земја за проучување. Исто така, немало ни фосили од други животни.

– Но, од нивната морфологија може да се заклучи кога се појавиле, и ако не се лажеме, тоа било пред 2,5 милиони години – вели Бергер.

Локалитетот, инаку, се наоѓа на листата на светското наследство на ОН под името Колевка на човештвото, поради богатата колекција на фосили хоминини.

Извор: Taнјуг

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top