Претседателот Ѓорѓе Иванов му честиташе на капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Владо Илиевски, за сиот досега вложен труд на теренот, а по повод неговото збогување од националната кошаркарска репрезентација.
– Ти честитам за твојата борба на теренот до последен здив, и сакам да ти се заблагодарам за тоа што остави силен белег и пример за идните генерации за тоа како безусловно се сака и се игра за Македонија – напиша Иванов на својот профил на „Фејсбук“.
Македонскиот претседател упати и поздрав до сите репрезентативци и им порача „главата горе и напред кон идните предизвици на теренот и во животот“.
Илиевски се заблагодари за поддршката од претседателот Иванов истакнувајќи дека му било чест и дека со сето свое срце играл за Македонија.
– Се надевам дека идните генерации ќе продолжат по истиот пат и дека Македонија ќе биде горда на нив – вели Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст