| четврток, 6 декември 2018 |

Што кријат спорните 28 страници од извештајот за нападите од 11 септември

Ед­на од ра­бо­ти­те што се нај­мал­ку поз­на­ти за ова пра­ша­ње е кол­ку­ми­на од на­ши­те из­бра­ни прет­став­ни­ци ги про­чи­та­ле спор­ни­те 28 стра­ни­ци. Сме­та­ме де­ка, нај­ве­ро­јат­но, са­мо де­се­ти­на од 535 се­на­то­ри и прет­став­ни­ци, всуш­ност, се по­тру­ди­ле да од­во­јат 30 ми­ну­ти за да ги про­чи­та­ат - ве­ли ди­ре­кто­рот на „28 Пеј­џис.орг“ Мекг­лин­чи

Но­ви­на­рот Мајкл Смер­ко­ниш од „Си-Ен-Ен“ ја за­вр­ши сво­ја­та не­дел­на еми­си­ја со дел од кла­си­фи­ку­ва­ни­те 28 стра­ни­ци, кои до­ку­мен­ти­ра­ат ин­ди­ка­ции за фи­нан­си­ска под­др­шка од ед­на стран­ска вла­да за те­ро­ри­сти­те што ги из­вр­ши­ле на­па­ди­те од 11 сеп­тем­ври. Тој за­вр­ши со ди­рект­на мол­ба: „Гос­по­ди­не пре­тсе­да­те­ле, ве мо­ли­ме об­ја­ве­те ги тие 28 стра­ни­ци пред да се од­бе­ле­жи уште ед­на го­диш­ни­на од на­па­ди­те“.

Во пе­то­кот, Оба­ма бе­ше до­ма­ќин на сред­ба­та со кра­лот на Са­у­ди­ска Ара­би­ја, Сал­ман, во Бе­ла­та ку­ќа. Смер­ко­ниш го наг­ла­си фа­ктот де­ка го­сто­примс­тво­то на пре­тсе­да­те­лот дој­де ед­на не­де­ла пред 14-го­диш­ни­на­та од на­па­ди­те од 11 сеп­тем­ври, кои, спо­ред по­ра­неш­ни­от се­на­то­рот Боб Гре­ам, ба­рем де­лум­но, беа овоз­мо­же­ни од фи­нан­си­ска­та и дру­га по­мош од кралс­тво­то за кид­на­пе­ри­те на ави­о­ни­те.

Смер­ко­ниш, исто та­ка, истак­на де­ка на­ци­ја­та обе­ле­жу­ва и дру­га го­диш­ни­на: По­ми­на ед­на го­ди­на или по­ве­ќе отка­ко аме­ри­кан­ска­та раз­уз­на­вач­ка за­ед­ни­ца бе­ше за­дол­же­на да го разг­ле­да дек­ла­си­фи­ку­ва­ње­то на овие 28 стра­ни­ци.

– Со дру­ги збо­ро­ви, разг­ле­ду­ва­ње­то од­зе­де не по­ве­ќе од 10 де­на за се­ко­ја стра­ни­ца без ре­ше­ние и тоа е не­опрaвда­но – ве­ли Смер­ко­ниш.

Во не­го­ва­та ра­ди­о­е­ми­си­ја во пе­то­кот, Смер­ко­ниш раз­го­ва­ра­ше со се­на­то­рот Ранд Пол, по­ра­неш­ни­от се­на­тор Гре­ам и ди­ре­кто­рот на „28 Пеј­џис.орг“ Бра­јан Мекг­лин­чи за кам­па­ња­та да се обе­ло­де­нат стра­ни­ци­те.

– Мис­лам де­ка е не­со­бор­лив до­ка­зот за тоа де­ка ба­рем не­кои од кид­на­пе­ри­те до­би­ле фи­нан­си­ска и дру­га под­др­шка од стра­на на аген­ти­те на Са­у­ди­ска Ара­би­ја. Се сом­не­вам де­ка ко­га ќе се об­ја­ват ма­те­ри­ја­ли­те, ќе се доз­нае де­ка по­стои мре­жа на под­др­шка за де­вет­на­е­сет­те кид­на­пе­ри, ко­ја ѝ овоз­мо­жи­ла на оваа гру­па на лу­ѓе, во ко­ја по­ве­ќе­то од нив не збо­ру­ва­ат анг­ли­ски ја­зик, ни­ко­гаш не би­ле во САД и има­ат мно­гу ма­ло обра­зо­ва­ние, да го из­вр­шат на­па­дот од 11 сеп­тем­ври – вели Гре­ам.

svet158-9-11-attack-2

svet158-9-11-attack-3Пол, кој во ју­ни прет­ста­ви пред­лог-за­кон пред Се­на­тот, ка­де што се ба­ра од пре­тсе­да­те­лот да ги обе­ло­де­ни ма­те­ри­ја­ли­те, ре­че де­ка во тие 28 стра­ни­ци по­сто­јат ра­бо­ти што си­те тре­ба да ги про­чи­та­ат и са­ми да си до­не­сат зак­лу­чок.

– Искре­но, мис­лам де­ка Са­у­ди­ска Ара­би­ја е дел од проб­ле­мот во од­нос на ИСИС, со не­се­ле­ктив­но пу­шта­ње оруж­је во гра­ѓан­ска­та вој­на во Си­ри­ја… ка­ко и Ка­тар­ци­те – ре­че Пол го­во­реј­ќи по­ши­ро­ко за те­ков­но­то зло на те­ро­риз­мот на Бли­ски­от Исток.

Ста­во­ви­те на Пол го за­си­лу­ва­ат претход­но­то твр­де­ње на Гре­ам де­ка кон­ти­ну­и­ра­на­та тај­ност на овие 28 стра­ни­ци, што не доз­во­лу­ва да се ста­ви под лу­па фи­нан­си­ра­ње ис­лам­ски­от ек­стре­ми­зам од стра­на на Са­у­ди­ска Ара­би­ја, при­до­не­су­ва за по­де­мот на ИСИС.

– Ед­на од ра­бо­ти­те што се нај­мал­ку поз­на­ти за ова пра­ша­ње е кол­ку­ми­на од на­ши­те из­бра­ни прет­став­ни­ци ги про­чи­та­ле тие 28 стра­ни­ци. Сме­та­ме де­ка нај­ве­ро­јат­но са­мо де­се­ти­на од 535 се­на­то­ри и прет­став­ни­ци, всуш­ност, се по­тру­ди­ле да од­во­јат 30 ми­ну­ти да ги про­чи­та­ат – ре­че Мекг­лин­чи.

 

Вме­ша­но­ста на Са­у­диј­ци­те во на­па­ди­те од 11 сеп­тем­ври

По на­па­ди­те од 11 сеп­тем­ври, на јав­но­ста ѝ бе­ше ка­жа­но де­ка Ал Ка­е­да дејс­тву­ва­ла са­ма, без др­жав­ни спон­зо­ри.

Ме­ѓу­тоа, Бе­ла­та ку­ќа ни­ко­гаш не об­ја­ви еден дел од истраж­ни­от из­ве­штај на Кон­гре­сот за на­па­ди­те од 11 сеп­тем­ври во кој пи­шу­ва за спе­ци­фич­ни из­во­ри на над­во­реш­на под­др­шка за де­вет­на­е­сет­те кид­на­пе­ри, од кои 15 беа др­жав­ја­ни на Са­у­ди­ска Ара­би­ја.

Де­лот од из­ве­шта­јот се чу­ва во тај­ност и ден-де­нес.

Пре­тсе­да­те­лот Буш не­об­јас­ни­во цен­зу­ри­ра­ше це­ли 28 стра­ни­ци од из­ве­шта­јот од 800 стра­ни­ци. Тек­стот од спор­ни­от дел од из­ве­шта­јот не е са­мо за­тем­нет на не­кои ме­ста ту­ку стра­ни­ци­те се це­лос­но праз­ни, са­мо со ис­пре­ки­на­ти ли­нии, ка­де што не­ко­гаш се на­о­ѓа­ле око­лу 7.200 збо­ра.

Кон­грес­ме­ни­те Вол­тер Џонс и Сти­вен Линч, кои го има­ат про­чи­та­но цен­зу­ри­ра­ни­от дел, ве­лат де­ка се ап­со­лут­но шо­ки­ра­ни од сте­пе­нот на вме­ша­ност на ед­на стран­ска др­жа­ва во на­па­ди­те. Име­то на др­жа­ва­та не го откри­ва­ат за да не го пре­кр­шат фе­де­рал­ни­от за­кон, но за­тоа му пред­ло­жи­ле на Кон­гре­сот да усвои ре­зо­лу­ци­ја во ко­ја се ба­ра од пре­тсе­да­те­лот Оба­ма да го обе­ло­де­ни це­ли­от из­ве­штај од 2002 го­ди­на.

Не­кои ин­фор­ма­ции од кла­си­фи­ку­ва­ни­от дел ве­ќе про­те­коа во јав­но­ста. Из­бри­ша­ни­те стра­ни­ци се ин­фор­ма­ции што се зас­но­ва­ат на до­ку­мен­ти обез­бе­де­ни од ЦИА и од ФБИ и по­ка­жу­ва­ат кон Са­у­ди­ска Ара­би­ја, ко­ја се сме­та за со­јуз­ник на САД.

Са­у­диј­ци­те ја не­ги­ра­ат вме­ша­но­ста во на­па­ди­те од 11 сеп­тем­ври, но, на­вод­но, ЦИА во ед­на бе­ле­шка про­наш­ла не­со­бор­ли­ви до­ка­зи де­ка прет­став­ни­ци од Вла­да­та на Са­у­ди­ска Ара­би­ја, ме­ѓу кои и ви­со­ки дип­ло­ма­ти и аген­ти од раз­уз­на­вач­ки­те служ­би, им по­ма­га­ле на кид­на­пе­ри­те и фи­нан­си­ски и ло­ги­стич­ки. Спо­ред тие до­ку­мен­ти, Ам­ба­са­да­та на Са­у­ди­ска Ара­би­ја во Ва­шин­гтон и кон­зу­ла­тот во Лос Ан­џе­лес ди­рект­но им по­ма­га­ле на те­ро­ри­сти­те, со што на­па­ди­те не се са­мо те­ро­ри­стич­ки акт, ту­ку и акт на вој­на.

svet158-9-11-attack-4

деветнаесетте киднапери

 

До­кол­ку се по­твр­дат овие соз­на­ни­ја, ќе се до­ка­же де­ка кид­на­пе­ри­те би­ле по­вр­за­ни ба­рем со не­кол­ку са­у­ди­ски прет­став­ни­ци и аген­ти, до­де­ка тие се под­го­тву­ва­ле за на­па­ди­те во САД. Всуш­ност, тие до­би­ва­ле по­мош од ви­со­ки прет­став­ни­ци на Са­у­ди­ска Ара­би­ја од брег до брег:

Лос Ан­џе­лес: Дип­ло­ма­тот од кон­зу­ла­тот на Са­у­ди­ска Ара­би­ја Фа­хад ал Ту­ма­и­ри, на­вод­но, ор­га­ни­зи­рал тим за пре­чек на двај­ца од са­у­ди­ски­те кид­на­пе­ри – Ка­лид ал-Мих­дар и На­ваф ал-Хаз­ми при нив­но­то при­стиг­ну­ва­ње на ае­ро­дро­мот во Лос Ан­џе­лес во 2000 го­ди­на. Еден од ти­мот за пре­чек, са­у­ди­ски­от раз­уз­на­вач­ки агент Омар ал -Ба­ју­ми, из­ле­гол од кон­зу­ла­тот во Лос Ан­џе­лес и се срет­нал со кид­на­пе­ри­те во еден ло­ка­лен ре­сто­ран. (Ба­ју­ми за­ми­нал од САД два ме­се­ца пред на­па­ди­те, до­де­ка Ту­ма­и­ри бил де­пор­ти­ран во Са­у­ди­ска Ара­би­ја по на­па­ди­те.)

Сан Ди­е­го: Ба­ју­ми и уште еден осом­ни­чен са­у­ди­ски агент, Оса­ма Бас­нан, раз­ви­ле опе­ра­тив­на ба­за во Сан Ди­е­го за кид­на­пе­ри­те по на­пу­шта­ње­то на Лос Ан­џе­лес. Обез­бе­ди­ле со­би, те­ле­фо­ни и ор­га­ни­зи­ра­ле при­ват­ни сред­би со про­по­вед­ни­кот од Ал Ка­е­да, кој по­доц­на ќе ста­не оз­лог­ла­се­ни­от, Ан­вар ал Ав­ла­ки, во џа­ми­ја­та фи­нан­си­ра­на од Са­у­ди­ска Ара­би­ја, ко­ја ја во­дел тој. (Бас­нан, исто та­ка, из­бе­гал од САД пред на­па­ди­те.)

Ва­шин­гтон: То­гаш­ни­от ам­ба­са­дор на Са­у­ди­ска Ара­би­ја во САД, прин­цот Бан­дар и не­го­ва­та со­пру­га му ис­пра­ти­ле чек во вкуп­на вред­ност од 130.000 до­ла­ри на Бас­нан до­де­ка тој се гри­жел за кид­на­пе­ри­те. Иа­ко се­мејс­тво­то Бан­дар твр­ди де­ка па­ри­те би­ле на­ме­не­ти за ле­ку­ва­ње­то на, на­вод­но, бол­на­та же­на на Бас­нан, па­ри­те, се­пак, за­вр­ши­ле во ра­це­те на кид­на­пе­ри­те.

Бан­дар и не­го­ва­та ам­ба­са­да се по­вр­зу­ва­ат со уште ед­на бан­кар­ска транс­ак­ци­ја до Ал Ка­е­да, по­ра­ди што во 2004 го­ди­на бан­ка­та Ригс во Ва­шин­гтон ги отка­жа­ла ус­лу­ги­те за Са­у­диј­ци­те.

След­на­та го­ди­на би­ле откри­е­ни уште не­кол­ку вра­бо­те­ни во ам­ба­са­да­та што би­ле по­вр­за­ни со те­ро­ри­стич­ки деј­но­сти, по­ра­ди што Ри­јад го пов­ле­кол ам­ба­са­до­рот Бан­дар.

Фолс Чрч, Вир­џи­ни­ја: Во 2001 го­ди­на, Ав­ла­ки и кид­на­пе­ри­те од Сан Ди­е­го по­втор­но се по­ја­ви­ја за­ед­но, овој пат во џа­ми­ја­та Дар ал-Хи­џрах из­гра­де­на со средс­тва од ам­ба­са­да­та на Са­у­ди­ска Ара­би­ја не­да­ле­ку од Пен­та­гон. Ав­ла­ки бил ре­гру­ти­ран да ја во­ди џа­ми­ја­та. От­та­му Ав­ла­ки им по­мог­нал на кид­на­пе­ри­те да нај­дат ста­но­ви и но­ви лич­ни кар­ти пред да го на­пад­нат Пен­та­гон.

Ав­ла­ки тес­но со­ра­бо­ту­вал со ам­ба­са­да­та на Са­у­ди­ска Ара­би­ја. Др­жел пре­да­ва­ња за ис­ла­мот во са­у­дискa ор­га­ни­за­ци­ја во Ме­ри­филд, Вир­џи­ни­ја, пред­во­де­на од Бан­дар. Ав­ла­ки из­бе­гал од САД око­лу ед­на го­ди­на по на­па­ди­те.

Ка­ко што прет­ход­но об­ја­вив во кни­га­та „Ин­фил­тра­ци­ја“, ци­ти­рај­ќи до­вер­ли­ви аме­ри­кан­ски до­ку­мен­ти, про­по­вед­ни­кот спон­зо­ри­ран од Са­у­ди­ска Ара­би­ја бе­ше на­ку­со при­ве­ден на ае­ро­дро­мот „Џон Ф. Ке­не­ди“, но бр­зо бе­ше ос­ло­бо­ден од не­кој прет­став­ник од Са­у­ди­ска Ара­би­ја. Фе­де­рал­ни­от на­лог за ап­се­ње на Ав­ла­ки бе­ше ми­сте­ри­оз­но пов­ле­чен од прет­ход­ни­от ден. Во 2011 го­ди­на, Ав­ла­ки бе­ше уби­ен од аме­ри­кан­ско бес­пи­лот­но ле­та­ло во Је­мен.

Хе­рен­дон, Вир­џи­ни­ја: Ве­чер­та пред на­па­ди­те, ви­сок вла­дин прет­став­ник на Са­у­ди­ска Ара­би­ја, Са­лех Ху­се­ин пре­сто­ју­вал во хо­те­лот „Ме­ри­от ре­зи­денс ин“, бли­зу ае­ро­дро­мот „Ду­лес“, исто­то ме­сто ка­де што пре­сто­ју­ва­ле и трој­ца­та те­ро­ри­сти чи­ја цел бе­ше Пен­та­гон. Да­ли тој се срет­нал со нив? ФБИ ни­ко­гаш не доз­на. Име­то на Ху­се­ин не се по­ја­ви во по­себ­ни­от из­ве­штај на ко­ми­си­ја­та за на­па­ди­те од 11 сеп­тем­ври.

Са­ра­со­та, Фло­ри­да: Во­да­чот на на­па­ди­те од 11 сеп­тем­ври Мо­ха­мед Ата и уште не­кол­ку­ми­на кид­на­пе­ри го по­се­ти­ле до­мот на Есам Га­за­ви, со­вет­ник на вну­кот на са­у­ди­ски­от крал Фахд. Са­мо две не­де­ли пред на­па­ди­те, са­у­ди­ски­от лу­ксу­зен дом бил на­пу­штен. Три авто­мо­би­ли би­ле оста­ве­ни на па­те­ка­та. Вна­тре, рас­кош­ни­от ме­бел бил не­до­прен.
Из­вор: „Си-Ен-Ен“, „Њу­јорк пост“
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top