| четврток, 6 декември 2018 |

10.000 Албанци живеат во страв од крвна одмазда

Според анализата на народниот правобранител на Албанија, во последниве две децении повеќе од 6.000 Албанци се убиени во инциденти поврзани со крвна одмазда.

Бројот на оние што живеат во страв затворени во своите домови и се кријат за да не бидат ликвидирани, изнесува 10.000, пренесува весникот „Шекули“.

Правобранителот наведува дека најголемиот број убиства поради крвна одмазда се извршени во Тирана каде што емигрирале голем број семејства од повеќе делови на Албанија за време на транзицијата.

Во извештајот на оваа институција се наведува дека последните години има намалување на бројот на убиствата поради крвна одмазда, но, сепак, појавата е многу актуелна и бара решавање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top