Во чешкиот главен град Прага денеска ќе се одржи средба на шефовите на дипломатиите на Чешка, Германија, Луксембург, Полска, Словачка и на Унгарија, посветена на проблемите со напливот на бегалци во Европа, пишува МИА.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи на Чешка, средбата треба да придонесе за „подобро меѓусебно разбирање меѓу членките на ЕУ“ во услови на различни ставови во врска со начините за решавање на бегалската криза.
Источноевропските земји-членки на ЕУ се најголеми противници на политиката на распределба на емигрантите низ европските држави според квоти како што предлага Еврокомисијата.
Планот на Европската комисија за прераспределба на 160.000 бегалци што во моментов се наоѓаат во Италија, Грција и Унгарија меѓу сите 28 земји-членки на ЕУ, вчера со големо мнозинство беше поддржан од членовите на Европскиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.