Иако односот без заштита го прекинувате навреме, сепак, тоа не е доволно добра заштита против бременост. Доколку претпочитате сексуален однос без кондом, добро е да знаете дека иако навреме го извлечете вашиот полов орган, можно е да се забремени од претсемената течност.
Претсемената течност може да содржи сперма, што значи дека жената може да остане бремена дури иако целокупната ејакулација не се случува во вагината.
Предејакулациската течност е чиста, безбојна и се ослободува за време на сексуалното возбудување. Слична е на семената течност, но со значајни хемиски разлики.
Прекинувањето на сексуалниот чин, односно вадењето на машкиот полов орган од женскиот пред оргазмот е најстариот контрацептивен метод. Меѓутоа, тој не овозможува стопроцентна заштита од несакана бременост, а исто така не штити од полово преносливи болести.
Доколку навистина сѐ уште не сакате деца, најдобро е да се одлучите за некоја посигурна метода на контрацепција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.