| четврток, 6 декември 2018 |

Европа ја стигна клетвата на Гадафи за емигрантите

Европа ја стигна клетвата на Гадафи. Како што сѐ повеќе се засилува кризата со емигрантите во Европа, руските медиуми сѐ повеќе потсетуваат на последните зборови на покојниот либиски лидер Моамер Гадафи, кои сега изгледаат како некое мрачно пророштво. Европа ја стигна клетвата на Гадафи, што тој ја изнесе само неколку месеци пред смртта.

– Слушнете ме, вие од НАТО! Го бомбардирате ѕидот што стои на патот на емигрантите од Африка кон Европа и на терористите од Ал Каеда. Тој ѕид е Либија. Вие го пробивте. Вие сте идиоти и ќе горите во пеколот поради илјадниците мигранти од Африка и поради поддршката на Ал Каеда. Тоа ќе биде така. Јас никогаш не лажам, не лажам ниту сега, напишал Гадафи во отвореното писмо што го објави рускиот дневник Завтра во мај 2011 година, неколку месеци пред да биде убиен.

Од почетокот на годината 500.000 бегалци стигнаа во Европа, а емигрантската криза станала приоритет број еден во земјите од ЕУ што беше потврдено и од страна на претседателот на комисијата Жан Клод Јункер во своето годишно обраќање во Европскиот парламент за состојбите во Европската унија.

– Европа денес претставува светилник на надеж и стабилно засолниште во очите на жените и мажите од Блискиот исток и Африка. Тоа е нешто на што треба да бидеме горди, а не нешто од што треба да се плашиме – изјави Јункер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top