Зачестените сведоштва во последниве денови дека жителите на грчките острови и во регионот околу грчко-македонската граница нелегално профитираат на штета на бегалците, ги принудија грчките власти да започнат интензивни проверки. Екипи на Главниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачите се очекува да бидат испратени веднаш на островот Лезбос, каде приливот од новодојдени бегалци и емигранти е најголем, пишува грчкиот сајт grreporter.info.
Истрагата била испровоцирана од извештајот на главниот ревизор на државната администрација, Леандрос Ракиндзис, во кој се содржат информации за големите шпекулациите во регионите во кои пристигнуваат бегалските и емигрантските бранови.
Документот бил за интерна употреба на институциите и неговата содржина не била достапна за медиумите. Според информациите, сепак на Лезбос, Кос и на останатите острови каде пристигнуваат чамци кои пренесуваат бегалци, многу жители го искористиле нивното пристигнување.
Во изјава за грчкиот сајт koolnews.gr, жител на Лезбос со иницијали Е.К., раскажува дека некои сопственици на ресторани и продавници буквално ги „дерат” бегалците.
– Прометот што го прават некои од продавниците на пристаништето е без преседан дури и ако се спореди со најдобрите туристички периоди. На пример, им продаваат мало шише минерална вода од половина литар за 1,5 евра, а просечната цена во Грција му е 0,50 евра. Некои, пак, наметнуваат `такса` од 2 евра за половина час полнење на мобилен телефон – раскажува мештанинот.
Според извештајот на телевизија „СКАИ во село Идомени, што се наоѓа на границата меѓу Грција и Македонија, лепче со помфрит и домат во некои случаи се продава за три евра, а ако кон тоа се додаде и месо (гирос) цената отскокнува до 5 евра. Претприемничките жители ги нуделе своите складишта како хотели.
Ќе се проверува и учеството на локалните органи на власта на местата каде што ќе се откријат шпекулации. Со казни ќе се соочат сите виновни.
Истовремено, се разгледува веројатноста на наведените места да биде наметната контрола на цените за стока и услуги на неопределено време.
Поранешната министерка за миграции, Тасија Христодулопулу. предизвика бура со своето тврдење дека грчките острови, не само што не се оштетени од големиот бегалска бран, туку напротив, дури се во добивка.
– Островите се збогатија од бегалците. Сите тие имаат пари и затоа престојуваат во хотели, купуваат во сите продавници и прават неверојатен обрт. Во ова се вбројуваат и нелегалните случаи во кои некои им бара пари за да им ги наполни мобилниот телефон – вели Христодулопулу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



