| четврток, 6 декември 2018 |

„Гардијан“ : Официјален Лондон подготвува план за војна со ИД и тргање на Асад

london

Официјален Лондон подготвува план за британско учество во војната со џихадистите од Исламска држава, како и за отстранување од власт на претседателот Башар ал Асад, открива лондонски „Гардијан“.

Весникот пишува дека планот, чиј нацрат веќе е изработен во Даунинг стрит 10, соодржи „ограничени воени напади“ врз позициите на ИД  на сириската територија и започнување на дипломатската офанзива за мировни преговори за Сирија.

Според дипломатскот дел од британскиот план, за актуелниот претседател Асад,  е оставен само кус период од шест месеци, што се означува како време на транзиција на власта, до кога тој би можел да биде на чело на државата.

Планот ја исклучува можноста за останување  на неговиот „безбедносен апарат“.

Откривањето на весникот дека Британија подготвува нова воено-дипломатска офанзаива против ИД,  која се изроди од сирискиот воен конфликт и предизвка бегалска криза, што сега ги погаѓа ЕУ и европскиот континент, доаѓа во време кога британските медиуми сѐ почесто тврдат дека Русија веќе има испратено свои воени сили на сирискиот фронт.

Западните воени стратези тврдат дека станува збор за „руско вмешување“ во ситуцијата во Сирија, за да, како што се тврди, се спаси „режимот на Асад“ од целосен колапс.

Во Москва, пак,  се зборува само за испраќање помош на сириската армија, со оруќје, воена техника и со воени советнци, што би требало да биде одговор на западните настојувања со оружје, пари и со воена обука ги помага „умерените исламисти“ во борбата за соборување на Асад.

Русија и понатаму инсистира дека претседателот Асад мора да биде дел од секој мировен план, како и дека само сириската армија може да им се спротивстави на џихадистите и на терористите.

Во коментарот, посветен на британскиот план „Гардијан„ се противи на нова воена мисија во Сирија, оценувајќи дека таа само ќе ги влоши, како воената состојба на сирискиот фронт,  така и бегалската криза, за чие смирување, Лондон го има изработено планот.

„Западот изгледа дека не знае поинаку да реагира, освен со фрлање бомби, за секоја хаотична состојба во арапскиот и во муслиманскиот свет“- вели авторот на текстот во весникот, нудејќи како замена за војната, еден сеопфатен мировен процес, што би завршил со спогодба на сите регионални сили.

Овој весник забележува дека досегашното војување во Сирија, зад кое останаа илјадници мртви и милиони бегалци и раселени лица, ги направи Асад, Русија и Иран, да се најдат против „дикаторските власти“ во Персискиот Залив, Турција и Западот, кои застанаа зад разните бунтовнички групи, па затоа и смета дека вистинскиот мир и решение за бегалската криза е спогодбата која нема да ги опфати само завојуваните страни, туку и сите други, вмешани во конфликтот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top