| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Берлин, евакуирани играчите на Србија и на Италија!

Како гром од ведро небо, стигна вест од Берли  на еден час пред почетокот на натпреварот Србија – Италија во рамките од петтото коло во „групата на смртта“ кој одлучува за првото место.
Натпреварите се играат во „Мерцедес арената“ која морала да биде целосно евакуирана!
Причината е активирање на противпожарниот систем, а организаторите морале да ја почитуваат процедурата за вакви проблеми и морале покрај играчите да ги евакуираат и сите присутни во салата која почнала да се полни со навивачи од двата табора.
Сепак, се работи за техничка грешка и не е дојдено до пожар во скапоцената сала.
Засега нема најави за одложување на почетокот на мечот кој е закажан за 14.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top