| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски се сретна со новоименуваната австриска амбасадорка

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Австрија, Ренате Коблер.

tveljanoskii

Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, изразиле надеж дека успешната соработка која Собранието на Република Македонија ја имало со претходните амбасадори ќе продолжи и во иднина.

Амбасадорката Коблер истакнала дека Амбасадата на Република Австрија е подготвена да помогне за натамошно засилување на парламентарната соработка меѓу двете земји на сите нивоа, како на ниво на претседатели на парламенти, така и на ниво на парламентарни комисии и пратенички групи за соработка.

Претседателот Вељаноски истакнал дека двете држави имаат одлична соработка и дека Република Македонија е благодарна на поддршката што ја добива во однос на предизвиците со кои се соочува на патот на евроинтеграциите. Двајцата соговорници се согласиле дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан е од особено значење не само за регионот, туку и за Европа во целина.

На средбата е разговарано и за тековните активности во Собранието и за моментната политичка ситуација во Република Македонија.

Вељаноски ја нагласил отвореноста на Собранието и неговиот Кабинет за сите нови идеи за соработка и континуирана комуникација со Амбасадата на Република Австрија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top