| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Име“ во Театар Комедија

Вечерва во 20 часот, во театар Комедија премиерно ќе биде изведена претставата „Име” од современите француски автори Александар де ла Пателие и Метју Делапорт, а во режија на Нени Делместре од Хрватска.

pretstava ime

– Станува збор за една трилер-комедија која вози од сцена во сцена, комедија во која петмина актери се постојано на сцена, во еден живот во реално време. Претставата се случува на вечера меѓу пет другари од детството, и таа една пријатна вечера со кинеска храна се претвора во хаос. Сета валкана долна облека на тие  луѓе што се заедно од деца, излегува на површина – изјави Јелена Жугиќ, директорка на „Комедија“, која толкува улога во претставата.

Режисерката Делместре, пак, која на македонската публика ѝ е позната по режијата на претставата „Комшилук наопаку“ во 2007 година во Драмски театар, истакнувајќи го своето големо задоволство што повторно режира во Македонија, рече дека да се работи со ваква група талентирани актери е голема привилегија.
Таа додаде дека овој текст има доживеано огромен успех во Европа, тој е најголем хит кај париската публика во изминативе години, и се надева дека и македонската публика ќе реагира на ист начин.
Во претставата играат Јелена Жугиќ, Роберт Ристов, Атанас Атанасовски, Илија Илиоски и Кристина Ласовска. Сценографијата, костимографијата и музиката се на Лина Венгоечеа од Венецуела, светлото е на Милчо Александров, а адаптацијата и драматургијата е на Дарко Јан Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top