| четврток, 6 декември 2018 |

Во сообраќајката кај Велес се повредени и двајца емигранти

Во сообраќајката што утрово се случи пред наплатната рампа Отовица, на автопатот Велес-­Скопје, повредени се четири лица, од кои две лица се македонски државјани, а двајца се емигранти од Ирак.

sss

 

Според информациите од Брза помош од Велес, сите се надвор од животна опасност. Според информацијата од д­-р Кирил Лазов од Брзата помош од Велес, во едно од возилата имало повредена 37­-годишна жена од село Добрејци, Струмичко. Таа е надвор од животна опасност и има повреди на вратот и болки во градите, а нејзината сопатничка, 24-годишна девојка од истото село е со повреди во грбот. И двете се пренесени на лекување во велешката Општа болница.

Во такси-возилото имало повредени двајца емигранти од Ирак. Едниот имал исчашување на рачен зглоб со оток, а вториот бил повреден во слабинскиот дел на ‘рбетот.

Д-­р Лазов со екипата на Брза помош им укажал прва помош, но едниот од нив не сакал да биде пренесен на натамошно лекување во велешката болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top