| четврток, 6 декември 2018 |

Мертенс останува верен на Наполи до 2020 година

mertens

Белгискиот интернационалец Дрис Мертенс останува верен на калчолигашот Наполи до 2020 година. Откако беше обелоденето во летниот преоден рок дека тој нема да ги смени клупските бои, иако за него беа заинтересирани ппремиерлигашите Тотенхем и Саутемптон, управата на „наполитанците“ му понуди продолжување на догoворот на уште две години.
Потпишувањето на договорот е во завршна фаза и се очекува во најскоро време да биде обелоденето неговото официјализирање. Мертенс има актуелен договор до завршување на сезоната во 2018 година.

Крилниот играч пристигна во Неапол во 2013 година од ПСВ Ајндховен за сума од 9,5 милиони евра, а за него летово постоеше интерес од Тотенхем и од Саутемптон. Тој сепак реши да му остане верен на Наполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top