| четврток, 6 декември 2018 |

Каков ѓердан одговара на отворот на вашите блузи?

Веруваме дека и вие како и сите останати девојки, понекогаш сте се запрашале каков ѓердан да ставите на конкретен отвор на блузичка или фустан.

Сигурно во вашата кутија за накит има по едно парче богатство за секоја ваша комбинација, но сега е вистинското време да научиме правилно да ги употребиме.

Кери Тејлор, која инаку е личен асистент за шопинг во еден светски бренд за накит, вели дека кружната форма на отворот кај блузите или фустаните е најлесна за одбирање накит.

„Во овој случај можете слободно да одберете масивен ѓердан што ќе остави впечаток и нема да се натпреварува со деколтето. Погрижете се да го наместите ѓерданот така што ќе оставите малку простор за да ѕирка кожата, па веднаш потоа да почнува блузата или фустанот“, вели Кери.

Таа појаснува дека жените сметаат дека блузите или фустаните со висок врат се доволни сами по себе и многу често не сакаат да ги украсуваат.

„Тоа е многу погрешно. Токму тука треба да се даде простор за да се остави впечаток, со оглед на тоа што ваквите блузи се најчесто многу едноставни. Не плашете се да ставите масивен ѓердан и врз закопчаните кошули, ролките или затворените блузи“, вели Кери.

За V изразот таа ќе каже дека е задолжително да се остане во буквата V во ваквиот случај и ѓерданот никогаш да не излегува од линиите.

„Не обидувајте се да ставите ниту предолг, ниту прекраток ѓердан на овој израз на блузи. Секогаш обидете се да останете во V изразот и ѓерданот да не ја опфаќа површината на блузата“, појаснува Кери.

Доколку сте обожавателка на ролки, обидете се истата секогаш да ја комбинирате со нешто повпечатливо, како што веќе споменавме.

Меѓу другите, особено интересен е изборот на накит кај блузите и фустаните без прерамки кои се едни од најсексапилните. Во тој случај, секогаш обидете се целосно да го пополните празниот простор над градите за да оставите впечаток на вистинска дива.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top