Сообраќајна анализа на возилото и на излетувањето на новинарот Никола Младенов, освен Министерството за внатрешни работи ќе прави и експерт по сообраќај, независен вештак. Тој направил увид на местото на несреќата и има првични информации за настанот, јави телевизијата „Алфа“.

Откако полицијата ќе заврши со својата верзија, во наредните денови ќе му се издаде налог на независниот вештак од истражниот судија за да почне со анализата. Во МВР потврдуваат дека имаат наредба само за сообраќајно вештачење кое утре или задутре ќе го испратат кај истражниот судија. Од содржината ќе зависи дали истражниот ќе издаде налог за техничко вештачење кое е можно да го прави МВР или Машинскиот факултет.
До сега за несреќата не е земена изјава од никого – не е повикана ниту сопругата на Младенов, ниту лицата со кои контактирал дента. Се нема ниту пак некој пријавено во полицијата дека последните часови пред несреќата имал средба со новинарот на „Фокус“ на потегот од Скопје кон Велес. Изјавите ќе се наметнат како неопходни откако истражниот ќе одлучи дало ќе отвори официјална истрага.
Од одлуката на судот ќе зависи и потегот на семејството на Младенов, односно дали ќе инсиситираат независни експерти да се вклучат во поголем број по нивен предлог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сашо Мијалков останува во притвор
-
Судот одлучи: Министерството за култура погрешно постапило поништувајќи го Конкурсот за откуп на музички дела за 2017 година
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Мијалков бара јавна седница во скопска Апелација за притворот


