Некои парчиња облека и чевли кои им прилегаат на сите типови и облици на телото, всушност се најобични парчиња кои секој од нас ги има својот орман. Постојат пет парчиња кои едноставно мора да ги имате.
Едноставен црн фустан
Ништо не е подобро од едноставен црн фустан. Ова парче облека прилега на секој облик на телото. Од вас и од вашиот стил зависи како и со што ќе го комбинирате фустанот и ќе му дадете сопствен белег.
Здолниште со висок струк
Што е убавината на здолниште со висок струк? Ова здолниште одлично ја истакнува силуетата и секое тело ќе го направи поженствено, без разлика на градбата. Ова класично здолниште создава чисти, долги линии, а истовремено ќе го задржи професионалниот изглед.
Темни фармерки
Темни фармерки секоја фигура ќе ја направат поженствена и попривлечна. Темните тонови ги сокриваат сите евентуални недостатоци и ви овозможуваат да изгледате и да се чувствувате најдобро што можете.
Шпиц чевли
Високите потпетици ги издолжуваат вашите нозе и тоа не е некоја новина. Но, за подобар резултат има уште еден трик. Одберете високи потпетици со шпиц, бидејќи со таков елегантен модел ќе добиете на висина за уште некој сантиметар плус.
Маица во „В“ израз
Најобична маица во „В“ израз има неверојатна моќ визуелно да ја издолжи вашата фигура, а истовремено ќе создаде кежуал изглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.