| четврток, 6 декември 2018 |

Препорака од Оксфорд: Работното време не треба да почнува пред 10 часот

работа

-Вработените не треба да се тераат да почнуваат да работат пред 10 часот, затоа што тоа е контрапродуктивно и работниците ќе бидат уморни, подложни на болести и ќе се најдат под голем стрес – тврди доктор Пол Кели од Универзитетот од Оксфорд.

Според него, биоритамот на возрасните лица пред 55 години не е синхронизиран со вообичаено работно време од 9 до 17 часот, што претставува закна по нивната ефикасност, расположение и за менталното здравје.

Тој е уверен дека е дојдено време за промени на работното време и  наставата во училиштата да се приспособи на билошкиот часовник на поголемиот број луѓе.

Неговите тврдења ги потврдуваат и голем број експерименти, според кои, просечен десетгодишник не може да се  фокусира на наставата пред 8.30 часот, а 16-годишниците пред 10 часот. На студентите, пак, им е потребно уште еден час плус за да бидат ефективни.

Кели верува дека поместувањето на наставата за подоцна ќе ги зголеми оценките за десет отсто, а неговата теорија и ја тестирал. Кога директор на едно средно училиште го помести почетокот на наставата од 8.30 на 10 часот, а оцените на учениците се зголемиле за 19 отсто.

Професорот тврди дека компаниите кои ги тераат вработените што порано да почнат со работа, им штетат на нивната продуктивност и придонесуваат за појавата на здравствени проблеми.

– Ова е голем општествен проблем, работниците би требало да почнат да работат во 10 часот, во спротивно не се доволно наспани и полека се оди кон измореното општество и им штетиме на своите тела – изјави Кели за „Дејли мејл“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top