| четврток, 6 декември 2018 |

Од почетокот на месецот триесет и три илјади бегалци пристигнале во Минхен

бега

Околу триесет и три илјади баратели на азил пристигнаа на главната железничка станица во Минхен од почетокот на овој месец, што е на истото ниво како и во целата 2014 година, соопшти покраинската влада на Баварија.

Само во средата во пет часот попладне пристигнаа четири илјади бегалци.

Од почетокот на годината, повеќе од сто илјади бегалци минале низ станицата, од каде се префрлени во прифатни центри ширум Германија.

Сојузната влада соопшти дека очекува 800 илјади луѓе да побараат азил во Германија оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top