| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот стручњак открива: Како да го зајакнете имунитетот за само 15 секунди!

Прочуениот московски специјалист за кинезитерапија, препорачува еден сосема едноставен метод, со кој тој тврди дека може да го обновите имунитетот за само 15 секунди.

Дали имате проблем со слаб имунитет? Овој руски стручњак го нуди наједноставното решение!

Професор доктор Сергеј Бубновскиј, прочуениот московски специјалист за кинезитерапија, препорачува сосема едноставен метод за зајакнување на имунитетот:

Секоја вечер кога ќе се вратите дома по напорниот работен ден, сипете во кадата или во некој поголем сад 10-15 сантиметри студена, речиси ледена вода. Никако не допирајте топла вода! Потоа влезете боси во кадата и тапкајте со стапалата по леденостудената вода само 10-15 секунди. Може и да затанцувате со некоја весела музика!

После тоа излезете од кадата, избришете ги стапалата со груба фротирска крпа и облечете волнени чорапи. Така правете секоја вечер и ќе забележите значајно зајакнување на вашиот имунитет.

Ако веќе имате проблеми со некаква настинка или сте болни, тоа е причина повеќе за да го зајакнете вашиот имунитет. Во тој случај тапкајте со боси нозе по леденостудена вода на секои 4 часа.

-Не плашете се дека само ќе ја влошите вашата состојба, напротив, со вакво калење на организмот со сигурност ќе го зајакнете својот имунитет – уверува доктор Сергеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top