Во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија (КИЦ) вечер ќе биде отворена заедничка македонско-бугарска ликовна концепција, со наслов „Како Јас, а како Ти?” на која со свои творби ќе се претстават три ликовни уметници, Гордана Хаџи-Николова Малашев, скулптор и носител на проектот, Кристина Битракова, графичар и Галина Николова, сликар.
Трите уметници се генерациски блиски, комуницираат и соработуваат подолго време а оваа концепција за првпат ќе биде претставена во овој формат, со дела препознатливи за опусот на уметниците.
Изложбата ќе ја отвори директорот на Центарот, Васко Шутаров, а проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и е дел од јубилејната програма на КИЦ на Република Македонија во 2015 година.
Гордана Хаџи-Николова Малашев е родена во Гевгелија, во 1976 година. Има завршено Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје и Факултет за ликовни уметности, отсек „Вајарство“ во Скопје (2000). Од 2003 година е магистер во областа на вајарството. Член е на ДЛУМ и на уште неколку ликовни здруженија. Досега има реализирано 12 самостојни изложби во Македонија, Русија, Франција и во Германија. Има многубројни учества на групни изложби во Македонија и во странство.
Галина Николова е родена во Велико Трново, Бугарија во 1976 година. Има завршено Факултет за ликовна уметност на Универзитетот во Велико Трново, на отсекот за сликарство во 2001 година, а подоцна стекнува постдипломска квалификација за „Композиција во сликарството“. Во 2007 година брани докторска дисертација на тема: „Стилски карактеристики на арбанашките фрески од крајот на ХVІ до крајот на ХVІІ век“. Досега има реализирано десетици самостојни изложби, учесник е на многубројни групни ликовни манифестации. Кристина Битракова е родена во Охрид во 1976 година. Има завршено Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје и Факултет за ликовни уметности на отсек „Графика“ во Скопје (2000). Магистер е во областа на графиката од 2003 година. Член е на ДЛУМ. Има учествувано на многубројни групни изложби во Македонија и во странство. Реализирала неколку самостојни изложби во Македонија, Бугарија и во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст