| четврток, 6 декември 2018 |

Сириската армија ги потисна борците на ИД од нафтеното наоѓалиште Џазал

Syria_Sept_7Сириската армија ги потисна терористите на Исламска држава (ИД) од нафтеното наоѓалиште Џазал, кое се наоѓа на северозапад од античкиот град Палмира, изјави гувернерот на провинцијата Хомс, Талал ал Барази.

– По жестоки судири припадниците на сириската армија успеаја да го вратат под своја контрола овој важен објект за сириската економија, истакна Барази.

Во операцијата загинале најмалку 25 членови на џихадистичката ИД, чии сили се повлекле кон Палмира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top