| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ повеќе Кубанци преку море се обидуваат да стигнат во САД

обама

Бројот на Кубанците кои се обидуваат преку море да стигнат во САД, постојано се зголемува и покрај подобрувањето на дипломатските односи меѓу Хавана и Вашингтон, соопшти американската крајбрежна стража.

Од 1 октомври 2014 година, 4.084 Кубанци се обиделе да стигнат во САД по море. Минатата фискална година, која заврши на 30 септември 2014 и врз основа на која се прави статистиката, нивниот број изнесувал 3.940.

Незаконските кубански емигранти се единствените кои имаат право да останат во САД доколку успеат да стигнат до копно. Доколку бидат фатени на море, тие се депортираат во нивната татковина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top