| четврток, 6 декември 2018 |

Четврток носи тмурно и помалку свежо време

dozd-3
Иако календарски сѐ уште е лето, метеоролошки гледано, овој четврток ќе биде првиот тмурен ден во оваа есенска сезона. Облачно ќе биде во текот на целиот ден. Врнежите ќе бидат интензивни во текот на оваа ноќ и во раните утрински часови, пред се во југозападниот крај. Претпладне, гледано за земјава во целост, врнежите малку ќе намалат на интензитет, додека попладне се очекува уште едно интензивирање.

Според Метеопро се очекува и локална појава на грмежи, особено во јужниот дел од земјава. Очекуваме локално во југозападниот дел од земјата воден талог над 40 литри на метар квадратен од овој бран врнежи.
Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен ветер. Денот ќе биде свеж, а максималната температура низ котлините низ Македонија едвај ќе достигнува до 20°С. Југоисточниот регион очекува максимална температура не повисока од 23°С.

Во Скопје температурата ќе достигне максимална вредност околу 19°С.
Подетално на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top