Бројот на инвестиции во Македонија продолжува , а мерките што Владата ги презема за подобрување на бизнис климата од година во година резултираат со се поголем број на компании кои градат фабрики во државата – смета премиерот Никола Груевски.
Тој денеска на отворањето на новата фабрика во Бунарџик, во сопственост на италијанската компанија Дијатек посочи дека ова е само симбол на тоа како од ништо може да се направи нешто
– Технолошко-индустриските развојни зони во Скопје се само симбол на тоа како од ништо може да се направи нешто, како од зелена ливада може да се направи цел комплекс на фабрики….Бројот на инвеститори во овие зони континуирано расте. Тука се Вистеон, Џонсон Мети, Технокозе, Кемет електроникс, Ванхул, а од денес официјално и новата фабрика на Дијатек, рече Груевски, додавајќи дека една од придобивките од отворањето на новата фабрика ќе биде и директното зголемување на извозот од Македонија.
Тој додаде дека отворањето на оваа фабрика е еден од многуте примери во кои македонската дијаспора асистира во привлекувањето на странските инвеститори во Македонија.
– Тоа е јасен доказ дека врските со татковината се силни и дека дијаспората постојано мисли и помага за Македонија. Токму затоа и треба да ги продлабочуваме нашите врски со дијаспората на институционален, економски, политички и на секаков друг план, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст