| четврток, 6 декември 2018 |

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Владата седма година по ред го реализира проектот за бесплатни учебници

ucebniciii_thumb_medium380_0
Веќе седма година по ред, Вадата на Република Македонија предводена од Никола Груевски, имплементира концепт на бесплатно образование, односно бесплатни учебници за сите ученици во основното и во средното образовани, за што досега се вложени 30 милиони евра.
На денешната прес конфереција на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ на плоштадот Македонија, потпретседателот Орце Ѓорѓиевски искористи можност да го поддржи проектот за бесплатните учебници за учениците во средните и основните училишта.

-Образованието секогаш било приоритет на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ. Вее седма година по ред, Владата го реализира овој проект за кој се вложени над 40 милиони евра или 6 милиони евра годишно. Со овој проект значително се олесенти трошоците на родителите, а дополнително на сите ученици им е овозможен проектот компјутер за секое дете и бесплатен превоз за ученици кои живеат подалеку од 2.5 километри од своето училиште, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски воедно им се заблагодари на опозициската СДСМ бидејќи, како што рече, во нивно време тие наоѓале перфектен начин да го промовираат претприемништво на учениците и добро да го искалат преку препродавање на комплетите книги.

-Би сакале да им се заблагодариме на СДСМ кои додека беа на власт, со своите политики за образование не овозможија ништо бесплатно, со што го стимулираа претприемачкиот дух кај учениците и родителите, со тоа што ги препродаваа комплетите книги. Но тој начин на стимулирање на претприемништвото веќе одамна не се практикува откако се воведени бесплатните учебници, а за стимул на младите претприемачи, Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, воведе безброј мерки кои што интензивно се користат од страна на младите, кажа Ѓорѓиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top