| четврток, 6 декември 2018 |

Италијански инвеститор: Македонија има добра местоположба, политичка стабилност и поволни услови за инвестирање

DSC_9405

Италијанскиот амбасадор во Македонија, Масимо Белели и сопственикот на италијанската компанија „Дијатек“, Диего Мосна, сметаат дека Македонија има добра местоположба, политичка стабилност и поволни услови за инвестирање. Токму тоа, додаваат тие, е причината за инвестирање во Македонија.

Ваквата изјава доаѓа по отворањето на новата фабрика во Технолошко-индустриската зона „Бунарџик“, „Макдиа“, сопственост на „Дијатек“.

Договорот со италијанската компанија беше потпишан во март годинава. Во фабриката веќе се вработени 35 лица, а се очекува бројот на вработени да се зголеми на 200. Вкупната инвестиција се проценува на околу 10 милиони евра.

„Макдиа“ ќе се произведува производи за печатната и текстилната индустрија, а најголем дел од производството ќе бидат наменето за извоз пред се на пазарите на Источна Европа, Турција, Персискиот залив  и Северна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top