Претседателот Барак Обама предложи да се инвестираат 100 милиони долари во проект за истражување на човековиот мозок, наречен Иницијатива за истражување на мозокот со иновативни модерни невротехнологии (BRAIN – Brain Research through Advancing Innovative Neurotechnologies). Програмата ќе се финансира со 100 милиони долари од буџетот за фискалната 2014 година, што се очекува Белата куќа да го објави предлогот следната недела.
Иницијативата ќе ја забрза разработката и примената на новите технологии, со кои истражувачите ќе добиваат динамични наоди за мозокот. Тие ќе покажува како оделните мозочни клетки и сложените нервни завршетоци взаемно дејствуваат со брзината на мислата, се наведува во соопштението на Белата куќа. Овие технологии ќе отворат нови можности да се истражува како мозокот помни, обработува, користи, складира и уништува големи количества информации и да се фрли светлина врз сложените врски меѓу мозочната активност и однесувањето, се наведува во декларацијата, цитирана од агенциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


