| четврток, 6 декември 2018 |

Аквапаркот во Скопје летово го посетиле повеќе од 42 илјади лица

Аквапаркот што работи во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ја затвори годинашната, трета по ред сезона, во која се продадени близу 42.000 влезници.

Akva park Boris Trajkovski (14) (Custom)

 

Годинашната сезона почна на 10 јуни и беше планирано да работи до денеска, но поради падот на температурите затвори порано. Посетителите и оваа сезона можеа да ги користат десетте тобогани, базенот со бранови, мрзливата река итн. Водениот парк работеше секој ден од 10 до 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top