| четврток, 6 декември 2018 |

Дожд, ветер и пад на температурите

Пороен дожд проследен со засилен ветер и пад на температурата за десетина степени, најавува за вечер и за утре Управата за хидрометеоролошки работи.

Upload_Vesti_dozd-630x404_20138289349

Влажната и нестабилна воздушна маса од Медитеранот што ќе ја зафати Македонија ќе предизвика изобилни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат и преку 30 литри на квадратен метар, особено во западните и во југозападните делови од земјата. Ќе дува умерен, а повремено и засилен југоисточен ветер. Метеоролозите предупредуваат и на можна појава на град. Утре ќе има и значителен пад на температурите. Се очекува максималната температура да достигне до 22 степена.

Врнежите од дожд ќе продолжат и в петок, но со послаб интензитет. Од викендот следува период на стабилно и потопло време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top