Претставата „Тајното оружје“ од Братислав Димитров во режија на Ненад Витанов е најнов проект на Битолскиот театар.
Во пресрет на премиерата закажана за 11 септември, директорот на Народен театар-Битола Валентин Светозарев истакна дека станува збор за праизведба на макдонскиот текст „Тајното оружје“ од драматургот Братислав Димитров кој вторпат со свој текст ќе учествува на сцената на театарот во овој град, додека пак режисерот Ненад Витанов од Велес третпат режира во НУ Народен театар-Битола
– Во претставата говориме за хаосот што во моментов се случува во светот, за хаос гледан низ очите на обични луѓе кои живеат во нашето маало и како тие би го решиле проблемот кога тоа би требало да го направат. Таа ситуација на глобално завршува сурово и крваво, додека тука кај нас завршува со поентата дека тајното оружје е во секој од нас и дека тоа што можеме да го направиме е секогаш во тоа што ќе го замислиме. Оваа претстава е со многу енергија и со порака дека во овој глобален свет можеме да се спротивставуваме само со добра мисла и идеја, а се останато е теорија на заговор, истакна режисерот Витанов.
Во претставата ќе настапат Филип Мирчевски, Никола Тодоровски, Борис Чоревски, Никола Пројчевски, Јулијана Стефанова, Илина Чоревска и Сандра Грибовска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, а првпат во Битолскиот театар како композитор се јавува музичката поп-ѕвезда Димитар Андоновски кој на денешната средба со новинарите истакна дека музиката во претставата е испреплетена со повеќе жанрови и придонесува за дополнителен квалитет на овој проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст