| четврток, 6 декември 2018 |

Нова фабрика во ТИРЗ Скопје – инвестиција од 10 милиони евра ќе вработи 200 лица

DSC_9520

Италијанската компанија „Дијатек“ која е глобален лидер во технологијата на дигитално печатење денеска ја отвори фабриката „Макдиа“ во Македонија.

Фабриката е лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик и во неа веќе се вработени 35 лица, а се очекува бројот на вработени да се зголеми на 200. Вкупната инвестиција се проценува на околу 10 милиони евра.

DSC_9505

„Макдиа“ ќе се произведува производи за печатната и текстилната индустрија, а најголем дел од производството ќе бидат наменето за извоз пред се на пазарите на Источна Европа, Турција, Персискиот залив  и Северна Африка.

На отворањето на фабриката присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и италијанскиот амбасадор во земјава Масимо Белели.

DSC_9502

Премиерот Груевски во своето обраќање оцени дека бројот на инвестиции во Македонија продолжува и оти мерките што Владата ги презема за подобрување на бизнис климата од година во година резултираат со се поголем број на компании кои градат фабрики во државата.

– Технолошко-индустриските развојни зони во Скопје се само симбол на тоа како од ништо може да се направи нешто, како од зелена ливада може да се направи цел комплекс на фабрики….Бројот на инвеститори во овие зони континуирано расте. Тука се Вистеон, Џонсон Мети, Технокозе, Кемет електроникс, Ванхул, а од денес официјално и новата фабрика на Дијатек, рече Груевски, додавајќи дека една од придобивките од отворањето на новата фабрика ќе биде и директното зголемување на извозот од Македонија.

DSC_9487

Тој додаде дека отворањето на оваа фабрика е еден од многуте примери во кои македонската дијаспора асистира во привлекувањето на странските инвеститори во Македонија.

– Тоа е јасен доказ дека врските со татковината се силни и дека дијаспората постојано мисли и помага за Македонија. Токму затоа и треба да ги продлабочуваме нашите врски со дијаспората на институционален, економски, политички и на секаков друг план, истакна Груевски.

DSC_9485

Според него, оваа италијанска компанија ги препознала сите оние квалитети на кои Владата работи години наназад како што се погодната законска регулатива, даночните олеснувања и рамниот данок.

Вицепремиерот Пешевски нагласи дека Македонија е избрана како земја за инвестирање во конкуренција на Германија и Србија.

– Со отворањето на фабриката „Макдиа“, Македонија се придружува на земјите каде „Дијатек“ веќе има фабрики, а тоа се Италија, Германија, Швајцарија и САД што укажува дека на некој начин по условите што ги имаме стоиме рамо до рамо со овие држави, рече Пешевски.

DSC_9480

Италијанскиот амбасадор во Македонија и сопственикот на „Дијатек“ Диего Мосна оценија дека една од причините зошто компаниите инвестираат во Македонија се добрата местоположба, политичката стабилност и поволните услови за инвестирање.

DSC_9472

Договорот со „Дијатек“ беше потпишан во март годинава. Фабриката на оваа компанија е седмата фабрика што е отворена во ТИРЗ Бунарџик.

Италија и Македонија покажуваат добра економска соработка, односно официјалните податоци покажуваат дека вкупната трговска размена во првите седум месеци од годинава е  над 300 милиони евра што Италија ја рангира на шестото место мегѓу најдобрите економски соработници на Македонија.

DSC_9463

DSC_9405

DSC_9404

DSC_9400

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top