| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер и порача на Москва дека границите на ЕУ се недопирливи

јункер

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска ја предупреди Москва дека границите на ЕУ се „недопирливи“, нагласувајќи дека безбедноста на државите во ЕУ е неприкосновена.

– Безбедноста и границите на земјите членки на ЕУ се недопирливи и сакам тоа јасно да се разбере во Москва. Полска, балтичките држави и сите други се многу важни земји членки на ЕУ и тие не треба да мислат дека нема да бидеме таму за нив. Имаме обврска да ја штитиме безбедноста на сите- изјави Јункер во Европскиот парламент.

Јункер, нагласи дека овие европски земји треба сериозно да разберат дека солидарноста не е празен збор и дека ЕУ е таму и дека ќе биде таму, ако некогаш е потребно.

– ЕУ мора јасно да покаже на Русија кои се трошоците за конфронтација, но исто така, мора јасно да стави до знаење дека е подготвена да се ангажира- нагласи Јункер.

Јункер денеска на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур ја претстави својата порака „За состојбата на унијата“.

Во своето обраќање претседателот на ЕК зборуваше и за бегалската криза, заканата од групата ИД, Западен Балкан, миграцијата од африканските земји и состојбата во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top