| четврток, 6 декември 2018 |

Нико доби отказ, никој не го смени на кормилото на Хрватска

FBL-WC-2014-MATCH01-BRA-CRO

Нико Ковач доби отказ и повеќе не е селектор на хрватската фудбалска репрезентација, а интересно по денешната едногласна одлука на УО на ХНС за негова смена, не беше назначен негов наследник. Одлука кој ќе биде нов „изборник“ на Хрватска ќе биде донесена на 22. септември.

Популарните „коцкести“ се најдоа во незгодна ситуација по ремито со Азербејџан и поразот од Норвешка, па паднаа на третата позиција во Х групата. Тоа место носи бараж за пласман на ЕП 2016, иако Хрватите претходно имаа речиси сигурен пласман в џеб. Во две рунди загубија 5 бода и ги прескокнаа Италија и Норвешка на две кола до крајот.

Сметката ја плати селекторот Ковач, а лошо за нив е и што атмосферата во националниот состав е доведена до точка на вриење. Лука Модриќ и дел од соиграчите беа незадоволни од начинот на работа на Ковач, па тој настрада. Сепак Хрватите ја имаат судбината на пласманот на ЕП во свои раце и со две победи против Бугарија дома и со Малта на гости ќе патуваат директно на шампионатот во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top