| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА го одбра системот “Гол-Контрол” за СП Бразил 2014

Се помала можност за грешка на судиите на гол линијата

 

Во конкуренција на неколку високо -софистицирани технологии за мониторинг како Гол-Реф, Каирос и  Око Соколово,  Светската фудбалска федерација  како официјален систем на ФИФА го одбра системот  “Гол-Контрол” кој првпат ќе се употребува на Купот на конфедерациите во јуни оваа година.

Системот  работи со помош на 14 брзи камери кои ќе бидат поставени околу теренот и ќе одлучуваат за сите спорни моменти.  “Гол-Контрол”  е лиценциран дури минатиот месец но поради својата технолошки карактеристики успеа да победи во конкуренција на другите силни кандидати.

Доколку на купот на Конфедерации вио јуни ФИФА забележи проблеми  договорот со “Гол-Контрол” ќе може да се ревидира

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top