Силна песочна бура, невообичаена за овој дел од годината, неделава го зафати Блискиот Исток, прекривајќи ги со прашина Бејрут и Дамаск и убивајќи најмалку две лица во Либан.
Поради невремето прекинати се воздушните напади во соседна Сирија, каде петмина лица наводно загинале поради лошото невреме.
Населението од регионот објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат големи облаци прашина. Смртоносната бура е со такви размери што може да се види од вселената, наведува „Раша тудеј“.
НАСА објави фотографии од бурата што предизвика проблеми со дишењето и намалување на видливоста во делови на Либан, Сирија, Кипар, Израел и na Ирак, поради што се затворени и училиштата.
Либанското министерство за здравство изјави дека 750 лица се хоспитализирани поради проблеми со дишењето и побара локaлното население да излегува надвор само со заштитни маски.
Сириската државна агенција САНА објави дека три лица во централната провинција Хама загинале во песочна бура и дека повеќе од 3.580 лица побарале здравствена помош во неколку болници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.