Стотина деца кои останаа сираци во војната во Сирија можат да се сместат во домот на поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика.
Децата може да пристигнат во наредните денови, доколку имаат придружба од барем еден полнолетен Сириец.
Уште не е познато колку деца ќе прими експретседателот на Уругвај во својата летна резиденција, со оглед на тоа дека уругвајската влада ќе биде одговорна за сите трошоци.
Тој е познат како „најсиромашниот претседател на светот“ кој вози „буба фолксваген“, живее на фарма, а месечната плата од 12.000 долари ја донира во добротворни цели.
Неговата сопруга Луција, рече дека овој потег треба да ги мотивира сите земји во светот да ја преземат одговорноста за катастрофата што се случува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!