| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Очекуваме напуштање на статус­ – кво состојбата во однос на членството во НАТО

­ Очекуваме на претстојниот Самит на НАТО во Полска во 2016 година Македонија да ја напушти статус­кво состојбата во однос на нејзиното членство во Алијансата, изјави претседателот Ѓорге Иванов, кој во изминатите два дена учествуваше на 25. Економски форум во Полска.

ivan

 

Иванов на маргините на Форумот имаше средба со новоизбраниот полски претседател Анджеј Дуда, на која главен акцент беше ставен на претстојниот НАТО самит и што може Полска да направи во поглед на членството на Македонија во НАТО, јави известувачот на МИА. ­

– Очекуваме на НАТО самитот да се напушти статус кво состојбата што ја имаме во поглед на нашето интегрирање во НАТО, бидејќи сите наши обврски што ги имавме се исполнети, завршен е и 16-­от МАП (Акциски план за членство) и почнуваме со 17 Акциски план, изјави претседателот Иванов.

Во контекст на тоа додаде дека Армијата на Република Македонија е најпроверувана и ги исполнува условите да биде дел од НАТО. ­

– Го потенцирав целиот наш придонес што го даваме со учеството во сите мировни мисии. Така да очекуваме не само ние, туку и граѓаните на Република Македонија очекуваат да се напушти статус кво состобата во однос на нашето членство во НАТО, истакна Иванов.

Македонскиот претседател очекува Полска со сето она што го покажала досега и сета поддршка што ја има кон Македонија да ја потврди и на овој Самит. Двајцата соговорници на средбата разговарале и за соработката и во другите области.

– Иако Дуда е нов претседател го продолжува она што сме го имале досега како соработка со претходните претседатели кои секојпат имале симпати и поддршка кон Македонија и секојпат биле вистински пријатели и во нашите ЕУи НАТО интеграцијата, рече Иванов.

Додаде дека на средбата со полскиот претседател се осврнале и на соработката во сферата на одбраната, културата,образованието, и како што најави во најскоро време се очекува да се оствари и официјална средба на која ќе има и конкретни активности.

По повод Денот на независноста на Република Македонија синоќа во Круница Здруј беше организирана Македонска вечер, што ја отвори претседателот Иванов и на која беа презентирани можностите за инвестирање во државата.

Министерот без ресор Фуркан Чако, кој е во состав на македонската делегација пред полските бизнисмени на Македонската вечер ги презентираше поволностите и можностите за инвестирање во Македонија. ­

– Потенцијалните инвеститори од Полска најзаинтересирани беа за автомобилскиот сектор, за туризмот и земјоделието, со посебен интерес за субвенциите кои ги нуди Владата, како и за слободните економски зони, рече Чако.

Шефот на македонската држава попладнево ќе учествува на Форумот на млади лидери што се одржува во полскиот град Нови Саџ, каде ќе учествува на сесијата „Лидери на утрешнината­ Какви лидери и се потребни на Европа во 21 век“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top