| четврток, 6 декември 2018 |

Сребрен накит од Месечината со потпис на Ксенија Котев

Во срцето на Дебар Маало вечерва со почеток од 20 часот во „Радио Бар“ ќе се одржи изложба на сребрен накит од Месечината со потпис на Ксенија Котев со впечатливиот жиг на КК.

unnamed (1)

Котев својата страст кон накитот емотивно ја гаи уште од нејзините први чекори, а професионално во инспиративната Италија како Дипломиран Моден дизајнер на Академија Италијана и магистер по дизајн на аксесоари – чанти, чевли и накит на „Домус академи“.

unnamed (2)

Котев е прва дизајнрка на накит која креира уникатни парчиња накит од стоматолошки материјали кои се сурови и деликатни за дизајн и обработка.  Сивилото на среброто, неговата моќ и скапоценост ја освојува комплетно во најновата приказна од КК Дизајн.

unnamed (4)

Изложбата ќе биде активна до 12 септември на истото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top