| четврток, 6 декември 2018 |

Активисти на „Самоопределување“ го гаѓаа со јајца и боја автомобилот на косовскиот премиер

Косовската полиција уапси денеска двајца активисти на движењето Самоопределување, кои го гаѓаа со јајца и боја автомобилот на косовскиот премиер Иса Мустафа, јави Танјуг.

avtom

 

Инцидентот се случил околу осум часот изутрината, кога премиерот тргнувал на работа.

Самоопределување ја презеде одговорноста за инцидентот и објави на својата страница на Фејсбук: „Сакаме да му дадеме на знаење на премиерот Мустафа дека не може да и ги одземе функциите на косовската држава, со тоа што ќе го формира Сојузот на српските општини“.

Мустафа и министерот за надворешни работи Хашим Тачи минатиот месец потпишаа спогодба за формирање на Сојузот на српските општини на Косово.

Самоопределување ги обвини дека дозволиле формирање на држава во држава и со тоа извршиле национално предавство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top