| четврток, 6 декември 2018 |

Две петгодишни деца побегнале од градинка во Русија

Две петгодишни момчиња од Русија побегнале од градинка, така што со пластични лопатки ископале дупка под оградата, а сето тоа во намера да купат автомобил марка „Јагуар“. Инцидентот веднаш бил пријавен во полиција. Настанот се случил во Магнитогорск, во Уралската област во Русија.

deca

Момчињата пешачеле скоро два километра, се додека не стигнале до автосалонот во кој се продаваат луксузни автомобили. Кога продавачката ги прашала што бараат, тие одговориле дека доаѓаат од градинка, сакаат да купат „Јагуар“, но немаат пари.

Таа веднаш ги однела во полициска станица.

Момчињата бегството го подготувале неколку дена, копајќи ја дупката со пластични лопатки. Воспитувачките забележале дека ги нама децата пола час откако исчезнале.

Родителите нема да ја пријават градинката, а локалните власти веднаш за инцидентот ја обвиниле дежурната воспитувачка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top